Научно докажано: Топлото чоколадо е повкусно во портокалова шолја

Нема ништо поубаво од топло чоколадо за време на зимските денови. При неговата консумација големо влијание има бојата на шолјата во која е послужено. Според еден меѓународен тим на истражувачи, топлото чоколадо е многу повкусно кога е сервирано во портокалова шолја, додека пак во зелената шолја не е толку добро. Истражувањето покажало како различните бои влијаат на нашата перцепција за храна што е една од причините зошто Мекдоналдс се држи до исконската комбинацијата на жолта и црвена боја.

„Бојата на садот во кој се сервираат храната и пијалокот може да подобри одредени атрибути, како што се вкусот и аромата“, вели Бетина Пикерас-Физман, истражувач на Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија.

Тимот побарал од 57-те волонтери да оценат примероци од топло чоколадо, послужено во четири чаши кои биле со иста големина, но со различна боја – бела, крем, црвена или портокалова. Нивните резултати откриле, дека волонтерите повеќе го сакаат топлото чоколадо во портокаловата шолја и покрај фактот што е послужено исто топло чоколадо во секоја од чашките. 

„Не постои строго правило кое наведува дека вкусот и аромата се подобрени во чаши со одредена нијанса и облик. Во реалноста, оваа варијација зависи од видот на храната, но вистината е  дека кога се јавува овој ефект, повеќе внимание треба да се посвети на бојата на садот, бидејќи има повеќе потенцијал отколку што може да се замисли“, изјави Пикерас-Физман.

Кога служите храна или пијалок што имаат утешни својства, доколку ги надополните  со топла боја како што се портокаловата или црвена, тоа значително ќе влијае на перцепцијата на потрошувачот во позитивна насока.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: