Новото засилување на Интер, Томазо Роки, во првото обраќање кон медиумите вети дека ќе даде се од себе за да ја оправда довербата кај тренерот Страмачиони.
По девет години поминати во Рим, Томазо Роки се приклучи на екипата на Интер.
„Можам да кажам дека се пронајдов овде. Задоволен сум со ангажманот и атмосферата на тренинзите“ изјави Роки.
Поранешниот играч на Лацио е задоволен со реакцијата на навивачите, изрази голема благодарност за тоа и упати голем број на пофални зборови.
„Интер е еден од најголемите клубови во светот. Ќе го дадам својот максимум кога е овој тим во прашање“ изјави Роки.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: