Бразилката Да Роча ново засилување за ЖРК Вардар (ФОТО)

Бразилската ракометна репрезентативка Да Роча е новото засилување за екипата на ЖРК Вардар.

22-годишната Да Роча потпиша шестмесечен договор со ЖРК Вардар а веќе го одработи првиот тренинг со екипата.

„Се чувствувам многу добро овде. Ова ми беше прв тренинг со екипата и многу ми се допаѓа. Сите девојки се многу пријателски расположени, одлично ме прифатија. Задоволна сум и среќна што дојдов во ваков клуб“ изјави Да Роча за официјалната веб страна на клубот.

 

 

Извор/Фото: www.zrkvardar.com

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: