Бенитез се чуди на изјавите на Тери

Тренерот на екипата на Челзи, Рафа Бенитез, се изненади за тоа што Џон Тери го говореше во јавноста околу своето мислење за иднината на Лампард во клубот бидејќи верува дека работата на фудбалерите е поврзана исклучително на терен, а не за коментирање на трансфер-политиката.

Капитенот на Челзи, Џон Тери, предизвика бура во јавноста бидејќи изрази незадоволство поради фактот што Френк Лампард на лето најверојатно ќе го напушти клубот.

Тери истакна дека би требало да се повлече од употреба „Осмицата“ на Френк Лампард а денес по тоа прашање се огласи и Бенитез.

„Секој има право на свое мислење но се мора да се вклопи со своите обврски на теренот. Не знаев што изјавил Тери па малку ме зачуди и очекувам да се избори со проблемот што го има“ изјави Бенитез.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: