Ќерката на Силвио Берлускони и придружничка на Алесандре Пато, не сакаше да се меша во трансферот на својот придружник во Коринтианс.
Барбара Берлускони која зазема мошне важна позиција во клубот, во последната година ја критикуваа дека стопирала преминување на Бразилецот во Париз Сент Жермен.
„Ниту тогаш, ниту сега не сум се мешала. Едноставно минатата зима, играчот и мојот татко беа против заминување во Париз. Сега ситуацијата е сосема поинаква, но ништо не одлучував јас“ изјави Барбара.
Со Пато е веќе две години…
„Ние сме долго заедно, среќни сме и неговото заминување од клубот нема да промени ништо. Во секој случај, нема да не раздели нас ниту еден километар, нешто ќе смислиме“ изјави ќерката на Силвио Берлускони.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: