Голема напнатост во екипата на Реал Мадрид владее во пресрет на натпреварот со Реал Сосиедад.
Првиот дел од сезоната ја одбележаа со катастрофалните резултати, заостануваат зад Барселона цели 16 бодови, големи несогласувања во тимот, играчи со тренерот, па тренер со навивачи, кои кулминираа со случајот Касиљас.
Флорентино Перез и Жозе Мурињо повторно се затворија и продискутираа околу целата оваа ситуација. Ова го направија и пред гостувањето на Реал Мадрид кај Малага па тренерот го изненади претседателот на клубот со тоа што го стави капитенот Икер Касиљас на клупата.
Што ќе се случи овој пат останува да се види, сеуште не е обелоденето дали Касиљас ќе се врати на голот или ќе остане на клупата, шпанските медиуми на големо шпекулираат дека Мурињо ќе попушти и ќе го вметне Касиљас во првите 11-тмина, односно ќе биде прв голман за дуелот со Сосиедад.
Пред вчерашниот тренинг, играчите на Реал Мадрид се заклучија во соблекувалната каде разговараа цели 45 минути.
Перез најдолг разговор имал со Серхио Рамос и Касиљас. Наводно, барал од нив да ја кренат екипата за да се залагаат повеќе и да има борба до последниот ден со Барселона.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: