Расистичкото насилство во Грција ги загрижи УНХЦР

 

Високиот комесар на ОН за бегалци изрази загриженост од засилувањето на расистичките напади во Грција и побара од Владата да преземе адекватни мерки.

Влошувањето на ситуацијата со расистички напади врз странци беше разгледано на средба меѓу Лоренс Џолс, претставник за ЈИЕ во Високиот комесаријат на ОН за бегалци и грчкиот министер за јавен ред и заштита на граѓаните Никос Дендиас.

Џолс изразил загриженост заради таа појава која изгледа координирана од групи и лица, се вели во соопштение на УНХЦР. Тој побарал од министерот да преземе мерки за борба против зголемениот број расистички напади за заштита на жртвите и за судски процес против извршителите и организаторите на насилствата. 

Според УНХЦР, министерот се ангажирал за формирање специјална единица за борба против расистичките пројави на насилство. Меѓународни организации меѓу кои и Амнести интернешнал и Хјуман рајтс воч, ги критикуваа „масовните репресии“ против илегалните имигранти во Грција по полициската акција на грчката полиција од почетокот на август за апсење или протерување имигранти. 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: