Кој е Луцифер?

Постојат повеќе теории за тоа кој е Луцифер, која е неговата улога во христијанството и дали и зошто треба да веруваме во него. 

Името Луцифер е асоцијација на планетата Венера која претставува брилијантност. Според христијанското учење, Луцифер е паднатиот ангел на Бог, кој подоцна бил нарекуван темниот ангел. Тој поради својата алчност и желба да биде еднаков како Бог, и да биде на исто ниво со него, ја загубил можноста да биде меѓу многуте сакани ангели на Бог.

Господ му ги одземал крлијата и тој паднал на земјата. Поради тоа е познат како паднатиот ангел. Од тогаш Луцифер е зачеток на гревот, лагата, злото и зависта. Тој се вратил на небото за да го основа пеколот, во кој припаѓаат сите грешници, лажговци и зависни луѓе.

Откако Луцифер го основа пеколот, ги измамувал ангелите на Господ за да ги придобие кон себе. Воедно, тој се радувал секогаш кога ќе му затропала на врата некоја грешна душа и на тој начин му станал конкуренција на Бога.

Луцифер е олицетвроение на секој од нас. Зарем не мислите дека во секој од нас постои некој Луцифер, кој чека вистинска ситуација за да си го покаже своето вистинско лице и моќта која ја поседува? 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: