Путин се сретна со Депардје и му го врачи рускиот пасош

Рускиот претседател Владимир Путин во Сочи се сретна  со францускиот актер Жерар Депардје, и му го предаде рускиот пасош, соопшти прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Путин и Депардје разговарале за креативните планови на актерот и за голем број прашања поврзани со проекцијата во Русија на филмот за Распутин, во кој Депардје ја игра главната улога.

Во декември француската актерска ѕвезда објави дека се откажува од француско државјанство – чин што претседателот на Франција Франсоа Оланд опиша како жална постапка, достојна за презир. Причината е воведувањето на т.н. данок богатство, со кој во Франција се оданочуваат со 75-процентен данок приходите над еден милион евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: