Топ 5 најдобри општини во Скопје

Скопје е главен град на Македонија и има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. 

Се простира на 1818 км² во широчина 9 км (Водно-Радишани) и водолжина 23 км. (Драчево – Ѓорче Петров). 

Според граѓаните на листата на пет најдобри општини за живеење во главниот град на Македонија се:

 

1.Општина Центар

 

Општината Центар поради својата место положба  и значење, секојдневно има по илјадници гости и туристи.Општината е седиште на најголемиот број установи кои имаат административен, политички, образовен, културен и  трговски карактер. Тука се наоѓаат: Собранието на РМ, Владата на РМ, повеќето министерства, Собранието на Град Скопје, дел од Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, Народната и универзитетаска библиотека ,,Св. Климент Охридски”, Градски трговски центар, Градски парк, Македонскиот народен театар, опера и балет, трите градски кина, Универзална сала, музеи и други знаменитости.

 

2.Општина Карпош

Најголемиот дел од подрачјето на кое е формирана општината го носело името Карпош кое е заедничко име на две значајни личности од историјата на македонскиот народ: Карпош војвода и Христијан Тодоровски Карпош. Во Карпош има многу пространи зелени паркови, а како најново во општината е изградбата на еден од најголемите трговски центри на Балканот, Сити Мол.

 

3.Општина Аеродром

Името на Oпштината е добиено по воениот аеродром кој бил  бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941 година. Во Аеродром има повеќе трговски центри како што се Скопјанка, Бисер и Три Бисери и други. Најново во Аеродром е водниот парк со четирите фонтани и паркот на езерата.

 

4.Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода се простира во јужниот и југоисточниот дел на Скопската котлина. Општината располага со повеќе министерства како Министерство за одбрана, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за труд и социјална политика, Министерсво за здравство и други. Оваа општина се наоѓа во близина на центарот, но сепак е одделена од метежот и постојаната гужва која е присутна во строгиот центар на главниот град. 

 

5.Општина Ѓорче Петров

Општината го добила името по познатитот македонскиот револуционер Ѓорче Петров. Како населба со претежно христијанско православно население Општината Ѓорче Петров изобилува со бројни споменици и цркви. Најпознати и највпечатливи се храмот “Св.Апостоли Петар и Павле”,  црквата“Св.Атанасиј Велики” ,  “Св.Атанасиј Велики”, “Св.Петка”и други. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: