Оние кои возат “мечка”, ќе мирисаат на Мерцедес парфемот кој компанијата “Mercedes-Benz” наскоро ќе го лансира на пазарот. Се работи за парфем за мажи, кој мириса на комбинација од мандарина, лимон, бибер, смола и орев.
Освен парфемот, компанијата на мажите им нуди и други козметички препарати со истата мирисна нота.А, да не бидат изоставени и дамите, тие потврдија и изработка на колекција на накит и наочари за сонце, кои планираат да ги произведуваат за своите верни купувачи, но и за оние кои се уште не сфатиле дека постои поделбата на “мерцедес и други автомобили”, како што велат вистинските обожаватели на овој бренд.
Пронајдете не на следниве мрежи: