Тие се груби, наметливи, себични и егоцентрични. Сепак, сите мажи би сакале да спијат со нив. Но, зошто?
Мажите сакаат предизвик. Тие имаат натпреварувачки дух и не уживаат толку кога се им е сервирано. И да, доколку сретнат жена која би претставувала предизвик, иако знаат дека таа ќе им го направи животот пекол се додека не ја добијат, се јавуваат нивните природни инстинкти и не се способни да одат во друга насока.
На некој начин, за нив тоа е игра. Кога ќе им се допаднете, што повеќе ги одбегнувате, толку повеќе тие сакаат да си докажат себе си дека се доволно добри да можат да ве добијат. Мажите имаат неверојатно големо его. Затоа, што повеќе ги омаловажувате, толку повеќе ќе се докажуваат дека вредат онолку колку што се силни на зборови.
„Лошите“ девојки имаат талент со кој прават машките да се чувствуваат безвредно, а мажите тоа не го сакаат, затоа ги прифаќаат предизивиците. Но, никогаш не би сакале да земат за сопруга некоја таква девојка. За нив една работа е да спијат со тие девојки, но да се венчаат со истите би значело како да потпишуваат договор за сопствената смрт – еднакво на самоубиство.
Овие девојки не се „наменети“, според мажите, за сопруги. „Наменети“ се за да уживате со нив онолку време колку што можете да ги поднесете.
Навистина е штета што мажите “паѓаат“ на ваков вид девојки само поради сексуални авантури и задоволства. Би спиеле со нив, а потоа би ги оставиле, што сега на некој начин, они самите би оставиле слика на безобразни и нечувствителни.
Но, на крајот, некои се вразумуваат и се венчаат со фините и паметни девојки. Сепак, велат дека инстинктот останува, како и желбата да продолжат да ги “ловат“ овие “лоши“ девојки.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: