четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ќе успее ли Лејди Гага да го сними новиот албум без „трева“?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лејди Гага е прилично отворена за својата зависност од „тревата“. Но неодамна, таа изјави, дека својот нов албум сака да го сними без помош од марихуаната.

Лејди Гага прави огромна жртва за нејзината уметност. Никогаш не се срамела за својата опседнатост од марихуана, забележана е како за време на концерт, додека е на сцената, пуши огромен џоинт, но, овој пат таа изјави за своите фанови, дека одлучила да се одвикне од „зелената“ работа за нејзиниот нов албум „Артпоп“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Без ‘трева’ во Артроп. Никако.“, Лејди Гага изјави на нејзината социјална мрежа „littlemonsters.com“.

Но, дали ова значи дека таа засекогаш ќе се откаже од марихуаната или само кога ќе снима во студио? Па, според нејзиниот коментар кој го проследи претходниот, претпоставуваме дека станува збор за втората варијанта: „Сепак, ‘трева’ во кадата. Хахаха“, се пошегува таа.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Поврзани вести