Овие работи дефинитивно не треба да ги објавувате на Фејсбук!

Понекогаш забораваме колку нашиот профил на Фејсбук е јавен. Често пати ни се случува да постираме некое вкусно јадење што сме го јаделе дента или пак некој статус како „Сите ме нервирате!“ и слично, а во моментот  да заборавиме дека тоа го читаат сите наши пријатели, пријателите на нивните пријатели и сите останати.  Послушајте ги овие совети и немојте да објавувате вакви постови на вашиот Фејсбук профил:

1.Фотографии на се што сме јаделе денес

Фотографии од вашиот појадок, ручек и вечера се дефинитивно работи кои треба да си задржите за себе бидејќи на никој не му е гајле што сте јаделе денес. Можеби можете понекогаш да патрирате некој вкусен десерт или интересен рецепт и тоа би било сосем доволно.

2.Пречести промени на вашиот статус во врската

Ова особено треба да го избегнете ако сте лути на партнерот. Една работа е да сте раскинале  врска, но сосем друго е константно да го менувате статусот заради некоја караница. Така само ќе направите слика дека сте лабилна личност и ќе добиете милиони изнервирани пријатели.

3.Премногу фотографии од вас во истата поза

Ако сакате да објавувате фотографии од себе гледајте тоа да не бидат истите слики. Доволни се неколку фотографии на кои сте најубаво испаднати бидејќи никој не сака да гледа по 20 фотографии на истото место од вас .

4.Лични работи

Секогаш пред да пастирате нешто лично за вас или некоја тајна запрашајте се дали сакате сите пријатели на Фејсбук да дознаат за тоа ? Да, точно е тоа дека можете тој пост да го избришете, но што ако веќе сите го виделе. Исто така можеби повеќето пријатели не се интересираат за детаљите од вашиот личен живот.

5.Фотогарфии од вашиот мобилен сликани на огледало

Фотографиите сликани на огледало од вас со истакнати усни во купатилото можеби на вас ви изгледаат како уметничко дело, но верувајте тоа не е така за сите ваши пријатели на Фејсбук. Во иднина пробајте да ги избегнувате овие фотографии.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: