Шпанецот не ја искористи својата шанса, Јунајтед тргнува по потрага за нов голман.
Давид Де Геа пристигна од Атлетико како решение на долг период, платен е околу 20 милиони евра, но никого не го убеди дека станува збор за голема иднина.
Имено, Шпанецот на голот ротира со Линдегард, а медиумите во Англија пренесуваат дека би можело да дојде до заминување на поранешниот голман на Атлетико.
Фергусон би можел да го продаде уште овој месец или во наредниот трансфер-период, во јуни, и ќе пронајде нов голман.
Како можна дестинација на Де Геа се споменува Реал Мадрид.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: