Директорот на Јувентус призна дека неговиот клуб преговара со Дрогба, но дека веќе испратил последна понуда, четири решенија за напаѓачот.
Бепе Марота потврди дека Јувентус разговарал со агентите на Дрогба, но и обелодени дека договорот не е баш близу.
„Ние понудивме толку што можеме, сега останува на него“ изјави Марота.
Понудата се чини дека е недоволна, 5 милиони плус бонуси за 18 месеци, што е многу помалку отколку што Дрогба заработува во Кина.
Што се однесува до Љоренте, тој ќе дојде, прашање е само на време. Доколку Билбао прифати 3 милиони евра, Љоренте во наредните денови ќе се пресели во Торино.
Резервна опција е талентираниот Габијадини кој е на позајмица во Болоња, а се споменува и Марко Бориело кој играше за Јуве, сега е во Џенова.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: