Британија оствари пад на БДП од 0,5 отсто

 

 

Британскиот бруто домашен производ (БДП) намален е во второто тромесечје за 0,5 отсто во споредба со претходното тромесечје, а идентичен е и падот во однос на истото тромесечје лани, потврди британското биро за статистика.

Личната потрошувачка во Британија намалена е во изминатото тримесечје за 0,4 отсто на квартално ниво, извозот паднал за 1,7 отсто, додека увозот пораснал за 1,4 отсто. Нето тргувањето паднало за еден отсто.

Падот на активностите во градежниот сектор за 3,9 отсто, иако е помал од очекуваното, и натаму останува голем товар за стопанството Активностите на производниот сектор се намалени за 0,9 отсто, а на услужниот за 0,1 отсто.

Британската економија на почетокот на годината влезе во втора рецесија за последните четири години, откако должничката криза на еврозоната го нагриза извозот, а економската неизвесност ги одврати компаниите од инвестиции.

Преземено од https://www.makfax.com.mk .

Пронајдете не на следниве мрежи: