Претседателот на Милан, Силвио Берлускони, изјавил дека неговиот тим нема намера во зимскиот преоден рок да го ангажира Марио Балотели.
Берлускони, за напаѓачот на Манчестер Сити рекол дека е ’гнило јаболко’.
„Неговото име никогаш не беше во мојот список. Тој е гнило јаболко и може да има лошо влијание во било кој тим, па и во Милан“, рекол првиот човек на Милан.
Берлускони, на италијанските медиуми не сакал да им одговори на прашањето дали Алегри и во следната сезона ќе го тренира Милан и признал дека сакал да го ангажира Пеп Гвардиола.
„Сакате да знаете дали Алегри ќе остане и следната сезона? Дали мора да ја кажам вистината? Подобро е да ми поставите некое друго прашање. Сакав да го донесам Гвардиола, бидејќи Барселона со него играше најубав фудбал“, појаснил Берлускони.
Тој дополнил дека навивачите ќе мора да бидат трпеливи, откако решил сезонава драстично да ја подмлади екипата.
Милан, по 19 одиграни натпревари во Серија А се наоѓа на седмото место, со 14 бодови помалку од лидерот Јувентус.