Драгана Пецевска во Вардар?

Според информациите кои ги пренесува „Дневник“, се вели дека екипата на Металург на ракометарките им должи по две плати, па Драгана Пецевска е првата ракометарка од овој тим што побара ослободување од обврските.

„На 27-ми декември го испратив барањето до РФМ и до клубот, но досега немам одговор, иако од клубот ми ветија дека ќе ме информираат за моето барање. Ако клубот не ми го раскине договорот тогаш сигурно ќе барам тоа да го стори РФМ. Веќе ми должат, а со тоа договорот не е исполнет во целост“ вели Пецевска во интервју за „Дневник“.

„Дневник“ пренесува дека подолг период се шпекулира дека дел од ракометарките на Металург би можеле да се преселат во Вардар, но од тимот на Вардар негираат заинтересираност.

Извор/Изјава/Фото: „Дневник“

Пронајдете не на следниве мрежи: