Почетоците на егзорцизмот

Егзорцизмот е процес преку кој се принудуваат злите духови (демони), да го напуштат опседнатотот тело и дух на човекот. Овој процес се извршува од страна на свештено лице, кое преку молитви и посебни методи, се обидува по секоја цена да го отргне демонот од телото на човекот.

Иако Католичката црква сеуште не го признава егзорцизмот и секојдневно негира дека постои, сепак евидентирани се повеќе од 50.000 случаи низ светот кои покажале дека егзорцизмот сепак постои. Како што веруваме во Бога, така веруваме и во зли духови. Почетоците на егзорцизмот започнуваат со појавата на цивилизацијата. Сите почетни форми на болест, физички и психички од примитивните општества се објаснуваат како опседнатост од духови. Акцентот се става на древната Месопотамија, во која луѓето верувале дека злите духови се “еден од важните фактори на секојдневниот живот“ и луѓето “мора“ да бидат опседнати од нив.

Античките вавилонски свештеници, биле истерувачи на демони кои работеле на ритуали за уништување на сликата на демонот со глина или восок. Тие верувале дека доколку се уништи сликата на демонот со глина или восок, ќе се ослободи и духот на човекот и ќе може да живее мирно до крајот на животот. Исто така, во методот на истерување на злите духови биле вклучени баења и молитви кон боговите. Во тие моменти демоните се возбудувале и го напаѓале човечкото тело и дух, а сликите на луѓето кои биле опседнати биле навистина страшни.

Првиот јавен случај на егзорцизам

По долго време криење и негирање за егзорцизмот и опседноста на човекотот тело и дух со демони, конечно во 1971-вата година бил снимен и објавен во јавноста, првиот случај на егзорцизам. Видеото  е снимено во Чикаго од страна на млад брачен пар, Едвин и Маршал Бекер. Тие по купување на својата нова куќа во Чикаго, почнале да чувствуваат некоја негативна енергија во куќата, која се манифестирала преку паранормални активности – треперење на светлата, чинии летале низ кујната, вратите се отварале и затворале.

Откако овој млад брачен пар организирал егзорцизам во својата куќа сватиле дека постојат зли сеништа од претходните станари. За време на процесот на егзорцизмот се слушале најразлични звуци меѓу кои и плач на жена.

 

Откако ги испробале сите можни методи за истерување на духовите од куќата, парот Бекер решил да се отсели од куќата и веќе никогаш да не се врати. По објавување на оваа вест и видеото од егзорцизмот, луѓето почнаа јавно да раскажуваат за слични или полоши случаи на егзорцизам. 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: