Американски командос ќе објави книга за ликвидирањето на Осама бин Ладен

Loading...

 

Американски командос, кој учествувал во ликвидирањето на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, напишал книга за минатогодишната операција во Пакистан.

 

Поранешниот командос, кој ги напуштил специјалните единици, книгата ќе ја објави на 11 септември на 11-годишнината од нападите врз САД од страна на Ал Каеда.

Авторот чие име се чува во тајност поради неговата безбедност, е претстатвен под псевдонимот Марк Овен во коавторство со Кевин Морар. Книгата е под наслов „Ниту еден лесен ден: Расказ од прва рака за мисијата, која го уби Осама бин Ладен“.

 

Поголемиот дел од приходите од книгата ќе бидат наменети хуманитарни организации, кои ги помагаат семејствата на загинатите „морски фоки“.

 

Владата на САД е изненадена од објавувањето на книгата.

 

– За книгата научивме од медиумите, Не сме ја виделе и не знаеме за што се работи, изјави портпаролот на Белата куќа, Томи Вајтер.

 

Американското Министерството за одбрана соопшти дека не ја проверило книгата, ниту има информации за авторите. По наредба на Пентагон треба да се прегледаат трудовите кои содржат доверливи информации.

loading...
Loading...