Додик:БиХ за 10 години можеби нема ни да постои

Претседателот на Република Српска Милорад Додик повтори дека Босна и Херцеговина(БиХ) не претставува интерес на српскиот народ и предвиде дека оваа земја за 10 до 15 години нема воопшто да постои.

Во интервју за агенцијата Танјуг, Додик тврди дека „меѓународната заедница е уморна во зачувувањето на нешто што многумина не го сакаат“.
„Србите вистински никогаш не ја прифатија Босна. БиХ по распадот на Југославија не е политички и историски интерес на српскиот народ. Босна не ја доживеа судбината на поранешна Југославија бидејќи моќен меѓународен фактор сакаше да ја зачува на една ирационална приказна“, вели Додик.
Според него, БиХ е регион на замрзнат судир, каде што мирот се одржува под силен притисок на меѓународната заедница, а единствена работа која Србите ги задржува во таа држава е Дејтонскиот договор.

Пронајдете не на следниве мрежи: