Воз кај Загреб налета на експлозивна направа на пругата

Товарен воз, во среда наутро околу 3.50 часот, кај Загреб налета на експлозивна направа која при ударот на возот експлодирала, јавува Tportal.

Возот се движел на релација Загреб-Вараждин, повредени лица нема, а настанала материјална штета.
Според хрватските медиуми, на терен се полицајци, пожарникари и пиротехничари.
На пругата Запрешиќ – Загреб од безбедносни причини прекинат е сообраќајот на возовите, а службени информации за причините за експлозијата нема.
Според порталот 24sata.hr, од неофицијални информации,  полицијата се сомнева дека некој го поставил експлозивот на шините.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: