Медиумите кои според СДСМ се фер и избалансирани затоа што секојдневно на тезите произлезени од фабриките за афери на Бихаќка им отстапуваат илјадници секунди во своите информативни програми и дебатни емисии, повторно известуваа селективно.
Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат вистинска слика за случувањата во земјата и да ја слушнат вистината.
Ниту ТВ Телма ниту ТВ 24 Вести не известија дека нов пункт на Итна медицинска помош (ИМП) е отворен во општина Чучер Сандево, која опфаќа 14 населени места со 20.000 жители.
Но затоа тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ на ТВ Телма беа застапени во 649 секунди од нивните централни вести, а ТВ 24 Вести на наративот идентичен со тој на СДСМ и на неаргументирано напаѓање на ВМРО- ДПМНЕ посвети 820 секунди во еден блок на централни вести.
Пропагандата на СДСМ на овие телевизии беше застапена со вкупно 1469 секунди во само еден појас на информативни програми и дебати. Во март СДСМ доби 146.850 секунди, додека од почетокот на месец април доби 55.030 секунди во само еден програмски појас на овие телевизии.
Ваквите телевизии според извештаите од Бихаќка се фер и балансирани и ги нема на листата на политички непријатели на Заев и СДСМ. Со телевизиите кои не отстапуваат илјадници секунди секој ден на пропагандата од Бихаќка, СДСМ планира да се пресметува преку драконски казни и одземање лиценци.
Порталите кои граѓаните ги идентификуваат како партиски гласила на СДСМ, како што се наградуваниот за фабриките на СДСМ Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила, вчера повторно работеа со полна пареа промовирајќи ги конструкциите и измислиците на СДСМ во стотици нарачани текстови.
Според СДСМ, така изгледа избалансираното новинарство – медиумите кои ќе ги слушаат нарачките од СДСМ ќе се фер и балансирани, а другите ќе се најдат на ѕидот на срамот и треба да бидат казнети со одземање на лиценцата.
На граѓаните им е совршено јасно дека СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ единствено сака тотална контрола врз медиумите.
Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат вистинска слика за случувањата во земјата и да ја