12 лесни начини на кои можете да помогнете во зачувување на природата

За зачувувањето на нашата околина не се доволни малите промени кои може да ги направиме сите, но тие секако ќе помогнат во процесот. Секој мал чекор напред, колку и да изгледа незначаен, прави разлика. Еве кои чекори може да ги преземете уште денес за да помогнете при зачувување на нашата природа.
12 лесни начини на кои можете да помогнете во зачувување на природата
1. Пазарете на старо
Во природата се испуштаат околу 23 килограми штетни гасови за време на правењето на само еден килограм ткаенина. Сега размислете за сите оние парчиња облека кои сте ги фрлиле во минатото само затоа што не сте биле сигурни дали некогаш ќе ги облечете.
2. Не користете чај во кесички
Неодамнешно истражување покажува дека кесичките за чај во себе содржат милијарди микроскопски пластични делови. Тоа не е здраво ни за околината, ни за вас.
3. Користете батерии на полнење

Hand unplug or plugged

Ова може да ви заштеди пари, но и да помогне во зачувувањето на околината. Имено, киселината која се наоѓа во обичните батерии ја оштетува почвата на која ќе биде фрлена.
4. Купете отпаден сад за вашата мачка кој се разградува
Повеќето садови за отпад кои се користат за мачките се направени од материјал кој не се разградува. Најдете таков што лесно се разградува во почвата.
5. Користете стари закачалки
Доколку имате премногу закачалки, не ги фрлајте, туку зачувајте ги за да ги користите подоцна.
6. Намалете ја светлината на мониторот
Со едноставното намалување на светлината на мониторот од 100% на 70% вие заштедувате електрична енергија, а нема да забележите голема промена.
7. Јадете како вегетаријанец барем еднаш неделно
За да се произведе помалку од еден килограм телешко месо потребни се околу седум килограми житни растенија. А, значаен дел од месото кое го јадеме се добива од животни кои се одгледуваат само за таа потреба.
8. Перете ги алиштата во постудена вода
За да заштедите енергија, можете да ги перете алиштата на послаба температура, а за да заштедите вода, перете повеќе алишта истовремено.
9. Исклучете ги електричните уреди од штекер
Исклучете ги уредите од штекер секогаш кога не ги користите. Тука станува збор за телефонот, лаптопот и малите кујнски уреди кои трошат малку енергија кога се вклучени во штекер дури и кога не се користат.


10. Заменете ја слушалката за туширање
Модерните слушалки за туширање трошат значително помалку вода од постарите модели. Инвестирајте во нов модел кој подобро ја распределува водата.
11. Одбегнувајте да користите запалки
Запалките се направени од пластика и имаат гас кој ја оштетува почвата. Наместо тоа, користете кибрит.
12. Набавете четка за заби направена од бамбус
Секоја година се фрлаат околу 4 милијарди пластични четки за заби. Наредниот пат кога ќе ја обновувате вашата четка, купете бамбусова бидејќи бамбусот се разградува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.