12 места на кои лекарите никогаш не би отишле за време на пандемијата на короновирусот

Ситуацијата со ширењето на коронавирусот се влошува низ целиот свет, така што лекарите постојано истражуваат и предупредуваат за активностите што го зголемуваат ризикот од инфекција со ковид-19. Прочитајте на кои места не треба да одите сè додека не се смири ширењето на коронавирусот.
1. Јавен тоалет
Ако можете да го избегнете овој простор, тоа секогаш е најдобрата опција заради бактериите и вирусите што се наоѓаат таму, но ако веќе мора да одите внатре, обрнете внимание колку е чисто и добро измијте ги рацете кога излегувате, без да ја допирате рачката со гола рака.
2. Банка
Ако можете да направите сè по електронски пат, сторете го тоа и не одете во банка затоа што парите се едни од најчистите предмети во светот и докажано е дека на нив има голем број бактерии и вируси. Поради оваа причина, најдобро е да користите картичка.
3. Мали ресторани
Иако нема забрани, треба да проверите дали келнерите носат заштитна опрема и дали масите се на соодветно растојание.


4. Кафулиња
Кафулињата се ризични затоа што многу луѓе ги допираат површините како што се рачките, масите и столовите. Во кафулињата е доста тешко да се одржи беспрекорна хигиена, а вирусот се шири многу лесно.
5. Цркви
Верските објекти се ризични исто како и другите затворени простори. Ако одите во црква, носете заштитна маска, избегнувајте контакт со другите и држете растојание.
6. Теретани
Едно истражување открива дека 25% од површината во теретаната е позитивна на бактерии отпорни на лекови. Ако одите во теретана, дезинфицирајте ги сите површини, држете растојание, добро измијте ги рацете и исперете ја облеката по тренингот.
7. Базени
Иако нема докази дека вирусот може да се шири низ вода, бројот на луѓе во базенот може да биде опасен, а ако на тоа додадете и кивање, поздравување, бришење на носот и потење, треба да бидете многу претпазливи.
8. Спа-центри
По неколкуте месеци поминати дома, бањата звучи како примамлива опција за краток одмор, но експертите велат дека не треба да ги посетувате овие центри затоа што може многу лесно да се заразите во нив. Особено избегнувајте сауни бидејќи таквите простории тешко се стерилизираат и со тоа ризикот е уште поголем.
9. Трговски центри
Во трговските центри има многу површини што содржат вируси, а оние за кои никогаш не сте помислиле, како копчињата во лифтот или закачалките, се исто така потенцијален извор на инфекција. Со оглед на тоа што станува збор за голем простор, тешко е сè да биде постојано дезинфицирано. Во овој момент, онлајн купувањето е многу побезбедно.
10. Концерти
На вакви места е речиси невозможно да одржувате растојание.
11. Кино
Во киното ќе седите премногу блиску со другите луѓе и лесно ќе стапите во контакт со нив. Наместо тоа, гледајте филмови дома.
12. Забавни паркови
Повеќето седишта имаат рачки и ремени, што е невозможно да се исчистат, освен ако не се метални.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.