Гастроентерологот и хирург Хироми Шинаја е познат јапонски лекар и автор на неколку бестселери посветени на здравиот начин на живот.
Хироми Шинаја верувал дека современиот пристап кон лекувањето и ограничената специјализација се штетни за луѓето затоа што, на пример, гастроентеролог се занимава само со цревата и желудникот, а стоматологот со забите.
Но, во човековото тело сè е поврзано. Ако се појави шуплина во забот, тоа веднаш ќе влијае на варењето на храната. Затоа, пациентот мора да биде доволно едуциран за да ги толкува сопствените резултати и да ги бара причините за болеста.
Од друга страна, Шинаја рекол дека ниту еден лек не може да ни помогне, освен ако не ја смениме исхраната и начинот на живот.
Според неговата теорија за „магични ензими“, здравјето на човекот пресушува и животот завршува, доколку се исцрпи „ензимскиот потенцијал“. Познато е дека нашето тело има околу 5.000 различни видови ензими. 3.000 ензими произведуваат цревните бактерии, а останатите влегуваат во телото преку исхраната. Па според тоа, доколку јадеме храна богата со ензими, ќе имаме висок „ензимски потенцијал“, непробоен имунитет и ќе живееме долг и активен живот.
12 совети за исхрана од Хироми Шинаи:
Јадете храна богата со ензими.
-Држете се до диета која се состои од 50% житарки, 35-40% зеленчук и овошје и само 10-15% месо
Обидете се да јадете само нерафинирани житарици
Јадете повеќе свежа, непреработена храна
Ограничете го внесот на млечни производи, што е можно повеќе
Одберете риба место место. Месото не ја зголемува виталноста. Го забрзува не само развојот, туку и процесот на стареење
Дневната количина на протеини (месо, риба) за една личност е приближно 1 грам протеин по килограм тежина. За човек од 60 килограми доволни се 60 грама животински протеини дневно
Избегнувајте маргарин и пржена храна
Темелно џвакајте ја храната и обидете се да јадете мали оброци
Пијте најмалку 1,5-2 литри вода дневно. Најдобро е да се пие наутро, веднаш по будењето, а исто така и 1 час пред секој оброк – ова е најдобриот начин да се задоволи потребата на организмот за вода. За само 30 минути, водата ќе помине од желудникот во цревата и така никако нема да го наруши процесот на варење
500-700 мл наутро на празен стомак;
500 мл еден час пред појадок;
500 мл еден час пред ручек.
- Колку што е можно повеќе избегнувајте кафе, зелен и црн чај. Дајте им предност на чаевите од билки, овес и хељда, не повеќе од 1-2 чаши на ден
- Ако е можно, не јадете и не пијте 5-6 часа пред спиење. Доколку почувствувате силна глад, јадете само малку овошје.