12 совети за готвење што ќе ви го спасат секој оброк

За жал многу често кога готвењето станува рутина, веќе не е толку забавно. Па, овде ќе ги најдете советите што повторно ќе ви го направат готвењето интересно. Имате ли забележано дека луѓето што често готват имаат многу тајни што им ја олеснуваат работата во кујната и ги прават нивните оброци навистина вкусни? Во продолжение откријте некои од овие тајни.
1. Како да испечете рамна торта?
За да добиете рамен горен дел од тортата, завиткајте ја во парче влажен материјал (можете да употребите и стара крпа). Овој трик ќе ви помогне да направите и идеални бисквити.
2. Како да го спречите лепењето на рибата на тавата за пржење?


За да го избегнете ова, на жешка тава нанесете ладно масло за готвење.

3. Карамелизиран шеќер
Шеќерот има големо влијание на печивата. Малку запржениот шеќер ќе додаде арома на карамела на слатките. Ако го загревате шеќерот еден час ќе добие нијанса на карамела, додека загревањето од 5 часа ќе ви даде карамела во гранули со уникатна арома.
4. Исцедете лимон без семки
Можете да ги избегнете семките ако го ставите лимонот во мрежа и потоа го цедите.
5. Спречете го згрутчувањето на кафеавиот шеќер
Кафеавиот шеќер многу брзо се стврднува и се згрутчува. За да го избегнете ова, ставете маршмелоу во садот со шеќер.
6. Како да пренесете торта?


За да ја одржите формата, ставете ја на чинија, ставете дрвени стапчиња или чепкалки за заби од страните, и покријте ја со кеса. Тортата нема да се оштети или да се исуши.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.