12 часа јадел јаготки без престан! Не се смири додека не ја изеде последната, а видеото стана вирално: „Цело време мислам на…

Сезоната на јагоди започна, а љубителите на оваа бобинка најмногу ја чекаа. Сепак, некои луѓе повеќе уживаат во јагодите од другите.Низ социјалните мрежи моментално се шири вирално видео од момче кое решило да се пофали колку јагоди може да изеде.Видеото само на неговиот профил е прегледано повеќе од 223 милиони пати.Во описот на видеото напишал дека ставил еден куп јагоди во сад од 100 литри и потоа почнал да ги јаде една по една, а после 12 часа, како што тврди, успеал да ја изеде последната јагода од овој импровизиран аквариум, пренесува Index.hr.Видеото собра 21,6 милиони лајкови и бројни коментари, а додека некои се шегуваа на негова сметка, други напишаа дека се сомневаат дека навистина изел толку јагоди.„Ако ова е вистина, тој мора да биде во тоалет сега,“ „Ова сум јас секогаш кога ќе видам јагоди“, „Постојано мислам колку бубачки има во овие јагоди“, „Се зборува дека се претворил во јагода cледниот ден“, „Јадеше 12 часа и светлината надвор не се менува. Чудно“, „Ми кажуваш дека стоел во речиси иста положба и џвакал непрекинато 12 часа?“ Одлични вештини за уредување“ се некои од многуте коментари.

Пронајдете не на следниве мрежи: