12.000 кинески војници се испратени на руската граница како идна поддршка на Русија во спорот со САД

Во изјава за кинескиот весник Пиплс Дејли, професорот Хан Ксудонг коментира дека Кина треба да се подготвува за сериозна, Трета светска војна, која ќе се случи помеѓу САД и Русија на територијата во Украина, а и пошироко.„Како што се продлабочува украинската криза, меѓународните набљудувачи станаа се повеќе загрижени поради директниот спор меѓу САД и Русија. А веднаш откако ќе се појави вооружано ривалство, веројатно тоа ќе се прошири низ целиот свет. Ние предвидуваме дека ќе избие трета светска војна“- вели Ксудонг. 
Професорот продолжува со предупредувањата: Веројатно Третата светска војна ќе се одвива за превласт на море, и Пекинг, за Кина да може да се подготвни за конфликтот кој ќе следи, мора да ги развие своите воени сили на основа на светската војна за да не стане пасивна жртва во претстојните случувања. 
Нагласувајќи дека САД зголемено им се заканува на поморските интереси на Кина, па Пекинг мора да размислува за Третата светска војна. 
Имено, коментарите на професорот се особено интереси откако протече информацијата дека Пекинг премеситл 12.000 војници на границите со Русија. Аналитичарите потсетуваат дека во историјата на Кина тоа не се случило, и укажуваат на тоа дека таа војска всушност е поддршка за Русија. 

 

Економскиот експерт Мартин Армстронг кон овие ставови на кинескиот професор додава: јасно е дека Кина го доживува САД како закана, како што е јасно и дека Кина има свои амбиции во врска со Јапонија кои, во случај на војна во Европа, би ги активирала за војна во Азија.
Она што се гледа на терен, особено од почетокот на оваа година, е интензивно приближување на Русија и Кина и нивна соработка на многу нивоа за создавање нов светски поредок – мултиполарен, како противтежа на сегашниот еднополарен поредок во кој доминират САД, НАТО и Европската унија.
А пак неодамна, генералот Јури Јукубов, изјавил дека Москова го гледа САД и неговите сојузници како непријателска закана кон која може да се лансира превентивен нуклеарен напад. 
А пак од друга страна Путин издаде насоки кои се усвоени и дека Русија суштински поинаку се поставува кон САД и ЕУ. САД и ЕУ практично влегоа во Украина и дојдоа на граница со Русија која веќе нема простор за маневар и мора да влезе во нуклеарен спор до САД и ЕУ. 
Мистерија е што ЕУ влегува во конфликт кој во случај на ескалација во нуклеарен спор ќе направи пустош без шанси за заздравување во следните неколку векови, за разлика од Русија која е приморана да го прифати спорот поради одбрана на егзистенцијалните интереси. „Како што се продлабочува украинската криза, меѓународните набљудувачи станаа се повеќе загрижени поради директниот спор меѓу САД и Русија. А

Пронајдете не на следниве мрежи: