петок, 13 ноември 2026
Најново

Вчера не беше издадена ниту една потврда за барање азил

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера не се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.Врз основ на измените и дополнувањето на Законот за Азил од 18 јуни минатата година, Министерството отпочна со издавање на потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегуваат на нашата територија.
Од 1 јануари до 11 март оваа година се издадени потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.
До Секторот за азил од почетокот на годинава до 11 март барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa, од кои 22 од Сирија и седум од Авганистан, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.Врз основ на измените и дополнувањето на Законот за Азил од 18 јуни минатата година, Министерството отпочна со издавање на потврди за искажана наме

Поврзани вести