Сите сме го гледале блокбастерот на Џејмс Камерон за потонувањето на најпознатиот брод во историјата. Ако поради тоа мислите дека сте „експерт“ за Титаник, се лажете. Постојат неколку неверојатни факти за овој брод, кои ви ги претставуваме во продолжение. 1. Вежбата за итна евакуација во чамците за спасување во случај на несреќа требала да се одржи на денот на несреќата.
2. Се сеќавате на сцената од филмот, кога музичарите свират иако бродот тоне? Тоа навистина се случило. Тие свиреле се додека не потонале во ледениот океан.
3. Милтон Херши, основачот на позната фабрика за чоколадо „Херши“, имал карти за Титаник, но во последен момент морал да ја откаже резервацијата порадо работни обврски.
4. Јапонецот, кој го преживеал бродоломот, по враќањето во својата земја е прогласен за предавник, затоа што не загинал чесно со другите патници.
5. Од познатите четири оџаци на Титаник, само 3 работеле. Четвртиот бил само поставен, за бродот да изгледа помоќно.
6. Буџетот за филмот „Титаник“ бил повеќе од буџетот за самиот брод.
7. Ледената карпа, во која Титаник удри, го започнала својот пат околу 1000-та година п.н.е.
8. Бродот „Калифорнијан“ бил најблизу до Титаник и лесно можел да ги спаси сите патници, но поради густата магла и проблемот во комуникациите, тоа не се случило.
9. Шефот на кујната на Титаник ја преживеал несреќата и поминал 2 часа во ледената океанска вода, бидејќи бил толку пијан, што алкохолот му ги загреал виталните органи, додека не дошла помошта.
10. Титаник е единствениот прекуокеански брод, кој се удрил во санта мраз.
11. Ниеден чамец за спасување не бил исполнет до последното место. Ако чамците биле исполнети до крај, сите патници од бродот би преживеале.
12. Да ја здогледале сантата мраз само 30 секунди порано, немало да се случи трагедијата.1. Вежбата за итна евакуација во чамците за спасување во случај на несреќа требала да се одржи на денот на несреќата.
2. Се сеќавате на сце



