Тешка сообраќајна несреќа. Загина едно лице!

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што се случи вчера во 17 часот и 45 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај излезот од патот за селото Требеништа.Како последица на повредите здобиени во несреќата, во возилото на службата за Итна медицинска помош на пат кон болница починал 64-годишниот Јонче Ј. од селото.
Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот го преминувал коловозот на магистралниот пат од левата кон десната страна, при што бил удрен од патничко моторно возило марка „Рено Лагуна“ со охридски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот М.Ш. од Охрид. Ударот се случил на десната коловозна лента со предниот лев дел од патничкото возило што се движело од Кичево кон Охрид.
За време на увидот на местото на настанот извршен од полициски екипи и вешто лице, сообраќајот на магистралниот пат се одвивал по една коловозна лента со наизменично пропуштање на моторните возила.  
По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги за ДНК анализа, во полицијата земени се брисеви од возачот и сопатникот во возилото „Рено Лагуна“ а во брза помош Охрид земена им е крв и урина за анализа. Врз телото на сега починатиот, денеска ќе се изврши обдукција, а врз патничкото моторно возило дополнително вештачење.Како последица на повредите здобиени во несреќата, во возилото на службата за Итна медицинска помош на пат кон болница починал 64-годишниот Јонче Ј

Пронајдете не на следниве мрежи: