Мараја Кери ослабела 26 килограми

По неколку ригорозни дијети и напорни тренинзи пејачката Мараја Кери конечно успеа својата линија да ја доведе до совршенство. 

Таа не пропушти на социјалните мрежи да се пофали со својот нов изглед и гордо објавила фотографија на која позира во црвен костим за капење и мини тексас сукњичка. Пејачката која моментално е во Австралија поради работни обврски, неодамна изјави дека со специјален режим на исхрана и вежбање изгубила дури 26 килограми кои ги добила за време на бременоста.

Четириесетидве годишната Мараја и нејзиниот помлад сопруг Ник Кенон се венчаа на Бахамите во 2008 година и заедно добија близнаци во април, 2011 година.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: