Германската манекенка Хајди Клум (39) вели дека нејзиниот сексуален живот е исполнет.
Таа ужива во водењето љубов со новото момче, телохранителот Мартин Кирстен (41). Не открила за какви костими точно станува збор, но вели дека многу често ја менува гардеробата за време на односите како би го „запалила“ партнерот.
„Ако сакате разновидни игри во креветот, тие имаат смисла само ако го научите и партнерот да ги игра. Мене тоа добро ми иде досега“, изјави манекенката, која додаде дека е прилично задоволна со својот сексуален живот и воопшто не жали што после цели седум години се разведе од пејачот Сил (49).
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: