понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Повеќе од стотина уапсени во Атина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Стотина лица се уапсени во акција на полицијата за протерување на анархистите од една напуштена зграда во центарот на Атина, соопшти полицијата во средата.

 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

 

Полицијата морала ноќта кон средата по вторпат последниве неколку дена да интервенира во зградата којашто околу 20 години беше неформално седиште на анархистичкото движење. Овојпат, во зградата во текот на ноќта навлегла голема група анархисти, а група нивни идеолошки истомисленици започнала судир со полицијата. Во моментов зградата повторно е исчистена од луѓе и обезбедувана од полицијата.

Во меѓувреме, околу 500 демонстранти го блокирале во знак на протест влезот на градата на министерството за развој, во која во тој момент бил во посета премиерот Антонис Самарас. Полицијата успеала да ги одбие демонстрантите. Друга група анархисти заземале локална канцеларија на партијата на умерената левица ДИМАР, којашто е дел од владејачката коалиција и ја обвинуваат за поддршка на властите.

Грчките партии, вклучувајќи ја и радикалната левица СИРИЗА, којашто ја обвинуваат дека е наклонета кон анархистите, го осудија нападот на канцеларијата ДИМАР, којашто издаде соопштение дека го осудува насилното влегување во партиското седиште, но дека нема намера да покренува тужби против натрапниците.

Поврзани вести