Двајца мртви и најмалку осум повредени во нападот во Њујорк

Двајца мртви, вклучувајќи го и напаѓачот, и најмалку осум повредени е билансот од вооружениот напад што во петокот се случи во близина на Емпајр Стејт Билдинг (Empire State Building) во Њујорк, јави Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Засега, нападот не се поврзува со поширока терористичка активност.

Жртвите биле застрелани нешто по 09:00 часот (15:00 часот по македонско време), на тротоарот на Петта авенија пред зградата-симбол на Њујорк, што е една од најфрекфентните точки во градот.
Нападот во Њујорк се случува набрзо по два слични напади во САД. На 20 јули во Колорадо беа убиени 12 и повредени 58 лица на премиерата на новото продолжение на Бетмен. На 5 август пред верски храм во Милвоки беа застрелани шест лица, по што напаѓачот беше застрелан од полицијата.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: