Заеднички настап на Ријана и Крис Браун на Греми

Секогаш интересната пејачка од Барбадос, Ријана, повторно ја брануваше јавноста. Без официјално да потврдат, таа и нејзиното поранешно момче Крис Браун се повторно во врска.

Доказ за тоа се многубројните заеднички фотографии и појавувања во јавноста во последните неколку месеци. 

За потсетување, тие раскинаа во 2010 година откако Крис Браун брутално ја претепа, па таа дури и заврши во болница.

Но по се изгледа дека таа му прости на Крис за немилиот настан и се уште се заедно, и покрај силните критики и реакции од јавноста, кои го оценуваат обновувањето на нивната врска како лош чекор во кариерата и животот на Ријана, бидејќи таа е идол и пример на многу млади девојки.

Но пејачката не планира да се заморува со мислењата на другите, па неодамна во едно интервју најави дури и заеднички нивен настап на престојното доделување на Греми наградите. Како тоа ќе изгледа и звучи, останува да видиме.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: