Американскиот суд ги блокираше графичките предупредувања на цигарите

Фабриките се жалеа дека таквите фотографии не се фактички информации коишто според законот се должни да ги втиснат на кутиите и преминуваат во адвокатирање на забраната за пушење.

Апелациониот суд во Вашингтон со гласање од 2:1 застана на страната на фабриките за тутун и пресуди дека спротивната одлука би значела гушење на слободата на говорот.

„Овој случај го покрена прашањето колкави се овластувањата на владата да ги принудат производителите на цигари на кутиите да втисната фактички информации и да го поткопаат својот сопствен економски интерес. Во овој случај владата тоа се обиде да го стори со претворање на секоја кутија цигари во мини оглас на својата антипушачка реклама, а притоа не понудила ниеден доказ дека објавувањето на тие фотографии ќе има корист во смалувањето на бројот на пушачите“, е наведува во одлуката на апелациониот суд, со којашто всушност е потврдена претходна одлука на понизок суд.

Оваа одлука американските производители на цигари ја поздравија, нарекувајќи ја „засилување на принципот на Првиот амандман“ од уставот на САД.

Агенцијата FDA има уште можност да поднесе жалба до врховниот суд, меѓутоа засега не најавува можност и дека тоа ќе го стори.

Оваа судска одлука во САД е донесена откако некои други земји наложија објавување на слични фотографии на кутиите со цигари, а Австралија, на пример, отиде најдалеку и им на фабриките за тутун на забрани да ги отпечатуваат своите логотипови.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: