Берлускони негира дека германско-босанската старлета затруднела од него

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони кој во септември ќе наполни 76 години, ги отфрли обвинувањата на старлетата Сабина Беган дека забременила со него.

Германската старлета со босанско потекло 38-годишната Сабина Беган (Бегановиќ) којашто стана позната во рамките на аферата со „бунга бунга” раскалашаните забави коишто ги приредуваше во своите вили поранешниот претседател на владата на Италија Силвио Берлускони, во петокот за италијанските медиуми тврдеше дека очекува дете со него.

На ова реагираше адвокатот на Берлускони, Николо Гедини кој ги отфрли нејзините изјави. „Станува збор за очигледно живописна вест, иронична и својствена за летниот период, којашто нема никаква врста со стварноста”, се наведува во писмената изјава на адвокатот Гедини исрпатена до италијанските медиуми.

Старлетата којашто пред 26 години од Германија се доселила во Италија каде што се појавуваше во филмовите снимани за телевизиските станица коишто се во сопственост на Силвио Берлускони покрај тврдењето дека е бремена со него, зборуваше и за тоа дека тој по напуштањето на премиерската функција бил многу депримиран поради судските процеси што се водат против него за злоупотреба на функцијата, секс со тогаш малолетната проститутка Руби итн. Со тоа Беган ги потврди тврдењата на главниот уредника на весникот Il Giornale, Виторио Фелтри кој исто така тврдеше претходно дека Силвио Берлускони паднал во тешка депресија.

Како што пишува, пак, весникот Il Fatto, Берлускони се повлекол во неговата славна вила „Ла Чертоза” на Сардинија, и контактира со многу малку луѓе и спроведува строга диета. Берсулскони има и деловни проблеми со неговиот медиумски концерн. Според локалните медиуми тој го обновил контактот со својата поранешна сопруга Вероника Лано, од којашто се разведе во 2009 година.

Преземено од https://www.makfax.com.mk .

Пронајдете не на следниве мрежи: