Pivolend – официјална Android апликација за фестивалот во соработка со CodeWell

 

Pivolend – официјална Android апликација за фестивалот во соработка со CodeWell

од Ivan на August 25, 2012 со 0 Коментари во Android , Android , Android Апликации , Made in Macedonia

На само 4 дена пред почетокот на еден од најголемите настани кои се одржуваат на годишно ниво во Скопје, организаторите на Пиволенд, во соработка со компанијата CodeWell ја издадоа Android апликацијата Pivolend. Преку апликацијата се достапни сите можни информации за фестивалот на едно место.

Pivolend нуди преглед на сите видови на пива кои ќе им бидат понудени на посетителите, агенда со точен распоред на изведувачите и информации за секој од артистите посебно. Сите тие информации се достапни офлајн, додека единствена компонента за која што е потребна интернет конекција е одделот за Вести, каде што корисниците на апликацијата ќе можат да бидат во тек со сите новости околу самиот настан.

 

Aпликацијата може да се најде бесплатно на Google Play. Повеќе за Пиволенд и за CodeWell.

Пијте одговорно! 

Преземено од https://www.idroid.mk/.

 

Pivolend

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: