Почина Нил Армстронг-првиот човек кој стапна на месечината

Вечерва некаде по 20 часот по локално време, почина еден од најпознатите астронаути во светот, Нил Армстронг. Инаку тој на 20 јули 1969 година, беше раководител на леталото Аполо 11, кое подоцна стана синоним во светот за вселенско летало, слета на месечината.

Причината за неговата смрт е тешката операција која ја направил пред 1 недела, на која му било вградено бајпас на срцето, но со оглед на годините (82) не можел да закрепне.

Ќе остане запаметен по легендарната негова изрека која ја кажа кога стапна на месецот: “Ова е мал чекор за човекот, но голем чекор за човештвото”..

Веќе зазема место во историјата и отиде во вечните легенди.

Слава Му !

Пронајдете не на следниве мрежи: