Запленет хероин во Драч

Албанската полиција во петок вечер заплени осум килограми хероин во пристаништето Драч, при што биле приведени три албански државјанки, јави дописникот на Макфакс.

Хероинот бил пронајден во автомобил со албански регистарски таблички, сокриен во внатрешноста на возилото Форд фокус.

Според албанската полиција,  трите албански државјанки требало да патуваат од Албанија кон Италија . Двете девојки биле од Тирана, додека едната од Драч.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: