Четворица загинати во пад на авион во Франција

Четворица швајцарски државјани  загинаа во пад на помал авион во источна Франција, објави во саботата државниот обвинител за округот Белфор, Александер Шеврие, додавајќи дека продолжува потрагата по телата на загинатите.

„Нема преживеани. Имаме сé што е потребно на теренот за да ги најдеме телата и остатоците од авионот, но потрагата може да потрае“, изјави обвинителот Александер Шеврие.

Додаде дека од планот на летот се гледа дека во авионот имало четири лица со швајцарски државјанства, но не може да се биде сосема сигурен се додека не бидат пронајдени телата.

Во авионот покрај 57-годишниот пилот, бил и 36-годишен и 51-годишен маж и уште една 20-годишна девојка.

Авионот од типот PC-12, со околу 20-ина седишта, кол летал од Антверпен кон Берн, се урнал на едно возвишување во регионот Солемон, околу 30 километри од градот Мобелиард.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: