Федерер најмногу заработил

Loading...

Според податоците на економскиот магазин Forbes, Роже Федерер од јули 2011 до јули 2012 година заработил 54,3 милиони американски долари. Дури 45 милиони долари доаѓаат од спонзорските договори, додека 9,3 милиони долари заработил од настапите на турнирите.

На второто место на листата тенисери со најголема заработка во изминатите 12 месеци е Шпанецот Рафаел Надал, со 32,4 милиони долари, од кои 7,4 милиони долари заработил од турнирите.

Трета е Русинката Марија Шарапова со 27,1 милион долари, а потоа следат Србинот Новак Ѓоковиќ со 19,8 милиони долари, Кинеската На Ли со 18,4, Американската Серена Вилијамс со 16,3, Данкињата Каролин Вознијацки со 13,7, новиот олимписки шампион Шкотот Енди Мареј со 12, Блорусинката Викторија Азаренка со 9,7 и Американецот Енди Родик со заработка од 8,8 милиони американски долари.

макфакс

loading...
Loading...