Контрацепциска пилула и за мажите…

Loading...

 

Соединението наречено ЈQ1 е тестирано на глувци и е утврдено дека може да ја пробие бариерата кон тестисите и да ја поремети сперматогенезата – процес на развивање на спермата. Резултат на тоа е намалување на бројот на квалитетни сперматозоиди и нивниот квалитет.

 

Важно е да се нагласи дека со прекин на земање на оваа пилула доаѓа до повторна продукција на нормална сперма. ЈQ1 нема влијание на производството на тестостерон, не го менува однесувањето и не влијае на здравјето на потомството.

 

– Идеалното контрацепциско средство е сто отсто ефикасно, во целост е реверзибилно и нема нуспојави, што значи дека многу добро се поднесува, објасни авторот на студијата др. Џејмс Браднер од Институтот Дана Фарбер.

 

loading...
Loading...