Професорка осудена поради групен секс со ученици!

 

28 годишната професорка Бритни Колепс е осудена на пет години затвор откако поротата ја прогласи за виновна за водење љубов со пет ученици. Со четворица од нив имала групен секс кој е снимен со мобилен телефон.

 

Колепс, инаку поранешна професорка по Англиски јазик и мајка на три деца, е осудена по 16 точки од обвинението за непримерно однесување со ученици. Со оглед на тоа дека ниеден од учениците во тоа време не бил помлад од 18 години, не е осудена за силување. 

 

Групниот секс се случувал во текот на 2011 година во куќата на професорката кога таа била сама дома, без децата и сопругот. Со петиот ученик имала сексуален однос без остатокот на “екипата” во одвоен случај. 

 

Односот со учениците, кои во текот на судењето не се идентификувани, го започнала преку СМС пораки. Еден од учениците за време на судењето изјавил дека не сака Колепс да оди во затвор, додавајќи дека и самиот чувствува одговорност за тоа што се случило. 

 

Сопругот на професорката на судењето  признал дека со сопругата досега учествувале во групен секс, но секс со ученици не одобрува. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: