Diablo III се продаде во 10 милиони примероци, WoW загуби 1,1 милиони корисници

Activision Blizzard ги објавија своите финансиски резултати за вториот квартал од годината. Благодарение на рекордна продажба на Diablo III (10 милиони за два месеци и пол), Blizzard регистрираа најсилниот квартал во историјата, со генерирани приходи за Activision Blizzard од 1.15 милијарди долари, од кои чистата добивка е 699 милиони долари. Неочекувано високата чиста добивка е благодарение на постојано зголемените дигитални продажби, како и на месечните надоместоци на Call of Duty: Elite и World of Warcraft.

Поради силниот старт на Diablo III, WoW загуби нови 1,1 милиони од своите активни корисници, со тоа падна на 9.1 милиони. Очекувањата се потрошувачите повторно да се качат до над 11 милиони при излегувањето на 25-ти септември на четвртиот Mists of Pandaria.

Истовремено стана јасно дека WarCraft филмот не е заборавен, но Blizzard и Legendary Pictures бараат нов режисер (очигледно Сам Реими веќе не е опција), а веќе е најден и нов сценарист – тоа е Чарлс Ливит (Charles Leavitt; ги напиша сценаријата на K-PAX и Blood Diamond).

И уште. StarCraft II: Heart of the Swarm наскоро ќе влезе во бета (најверојатно на крајот на август), како мултиплеер ќе биде прикажан на Gamescom 2012. На истата изложба за прв пат ќе видиме и интро синематика кон Mists of Pandaria.

Blizzard DOTA веќе се нарекува Blizzard All Stars, но не е јасно што се случува со овој проект, освен што се најавува “наскоро”.

Пронајдете не на следниве мрежи: