Принцот Хари не е во добри односи со својата нова девојка Кресида Бонас. Таа е разочарана од авантурите на принцот во Лас Вегас.
Кресида не гледа иднина во врската со принцот Хари поради големото понижување кое и го приреди.
Кресида и Хари уживале во своите романтични излегувања во Лондон, а биле и видени во преграта на премирата на филмот Бетмен. Пред две недели биле видени заедно во поголема група на островот Некер на Карибите. По заминувањето на Хари и Кресида од острвот Некер, принцот продолжил во Лас Вегас каде што се случил скандалот. Пред да се разделат, Кресида била убедена дека има иднина со принцот.
Близок пријател на Кресида изјави: „Тој не е сериозен во врската со Кресида и си ги уништи шансите кај неа. Таа сега е целосно понижена“.
Пронајдете не на следниве мрежи: