Три годишно дете паднало од трет кат во раце на случаен минувач

Loading...

Три годишно дете во северниот албански град Пук паднало од третиот кат од зградата каде што живеело, но се спасило од сигурна смрт благодарение на чувар на банка, кој во тој момент минувал покрај зградата и успеал да го дочека детето во своите раце.

 

Малиот Алдомир Балши во станот бил заедно со неговата мајка. Поради мало невнимание на мајка му, тој излегол на еден од прозорците и кога му паднала една од играчките тој тргнал по неа.

 

Пред да падне во прегратките на банкарскиот чувар детето удрило во табла, што се наоѓала на вториот кат, што и го привлекло вниманието на Александар Лачи кој застанал и го дочекал детето во своите раце.

 

Детето веднаш било однесено во регионалната болница во Скадар каде му бил извршен лекарски преглед, по што било пуштено дома.

loading...
Loading...